Испораките во Скопје се извршуваат секој ден во неделата.
Нарачките направени до 18:00 часот, согласно избраниот интервал на достава, можат да бидат доставени истиот ден, а нарачките направени по 18:00 часот се доставуваат најрано следниот ден.
Не испорачуваме надвор од Скопје заради задржување на квалитетот. Во случај на неточен телефонски број на примачот, доставата нема да биде извршена. Цената на испораката во одредени општини е вклучена во цената на производот. Картичката за посвета е вклучена во цената на производот.
Вашите лични податоци ќе бидат користени за да го поддржат вашето искуство на оваа веб-страница, за управување со пристапот до вашата сметка и за други цели опишани во нашата полиса за приватност.
Поврат на средства може да се направи во следните околности:
– Доколку нарачката се откаже најкасно 72 часа пред предвидениот датум и интервал на испорака. Откажување на нарачката се прави исклучиво со испраќање маил на info@cvekarasilva.mk во која ќе доставите писмено барање за откажување на нарачката и доказ за направена нарачка. Во случај кога нарачката е откажана најкасно 72 часа пред предвидениот датум на испорака, Цвеќара Силва се обврзува во рок од 7 дена да ги врати средствата на трансакциска сметка на нарачателот односно на платежната картичка преку која е извршена уплатата.
– Во случај на неможност за достава на платените производи по вина на продажното место. Во случај кога не е направена достава на платените производи по вина на продажното место по истекот на 48 часа од крајниот рок за достава, Цвеќара Силва се обврзува да ги врати уплатените средства на трансакциска сметка на уплатувачот во рок од 3 работни дена.
– Во случај на погрешна уплата. – Доколку се направи погрешна уплата односно нарачка, нарачателот е должен веднаш да достави барање за рефундација на info@cvekarasilva.mk. Доколку не се достави во рок од 2 часа по направената уплата односн нарачка, истата ќе се смета за валидна.
СИЛВА Силвана ДООЕЛ Скопје го задржува правото да ги врати уплатените средства намалени за процентот на провизија за секоја трансакција согласно правилникот на НЛБ Банка АД Скопје плус трошоците за достава на производот и други трошоци кои евентуално можат да произлезат во секој конкретен случај.